Фото: Профимедиа

Поместувањето на часовникот в недела носи ризик од оваа опасна здравствена состојба

Летното сметање на времето ќе започне в недела, 30 март, а во ноќта од сабота кон недела ќе изгубиме еден час сон. Американската асоцијација за срце објави дека научниците забележале значително зголемување на срцевите и мозочните удари во деновите по пролетното поместување на часовникот.

Иако дополнителната дневна светлина е пријатна промена, оваа транзиција може да донесе одредени здравствени предизвици.

Според истржувањето за приеми во болница во американската сојузна држава Мичиген, бројот на срцеви удари се зголемил за 24 отсто во понеделникот по летното сметање на времето. Во студија спроведена во Финска, научниците откриле дека вкупната стапка на мозочни удари била за 8 отсто поголема во текот на првите два дена по преминувањето на летното сметање на времето. Други истражувања покажуваат дека, генерално, најтешките срцеви удари се случуваат најчесто во понеделник, што ги прави понеделниците уште поризични по промената на времето.

– Сè уште не знаеме точно зошто доаѓа до зголемување на бројот на срцеви и мозочни удари во текот на преминот кон летното сметање на времето. Веројатно тоа е поврзано со нарушување на внатрешниот биолошки часовник, односно циркадијалниот ритам – рекла д-р Марија Делгадо-Лелиевре, волонтерка во Американската асоцијација за срце и истакната специјалистка за хипертензија на Медицинскиот факултет „Леонард М. Милер“ на Универзитетот во Мајами, .

– Важно е да бидете свесни за зголемениот ризик, особено ако веќе имате срцеви болести или други фактори на ризик. Препознајте ги знаците на срцев или мозочен удар и веднаш повикајте брза помош – советувала докторката, пишува „Да се јаде добро“ (Eating well).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот