Полски репрезентативец нема да оди на СП во Катар бидејќи потпишал за руски тим

Мачеј Рубис/фото: EPA-EFE/MARCIN GADOMSKI

дефанзивецот на фудбалската репрезентација на Полска, Мачеј Рубус нема да настапи на Светското првенство во Катар бидејќи потпишал за руски тим, Спартак Москва.

Десниот бек пред десетина дена потпиша за Спартак откако му заврши договорот со Локомотив Москва, што предизвика реакција на фудбалската федерација на Полска.

– Селекторот на репрезентацијата Ческав Михњевич разговарал со Мачеј Рибус и го информирал дека поради актуелната клупска ситуациуа, нема да биде повикан на собирот на репрезентацијата во септември како и дека нема да биде во комбинација за настап на Светското првенство во Катар – соопшти фудбалската федерација на Полска.

Причината за ваквиот потег на полскиот селектор е руската инвазиција врз Украина.

Рубус има 32 години и досега има 66 настапи за репрезентацијата на Полска.

Полска на претстојниот Мундијал во Катар што ќе се игра од 21 ноември до 18 декември се наоѓа во групата Ц заедно со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот