Полска – Словенија е првата полуфинална двојка на Евроволеј 2023

фото: EPA-EFE/NICOLA MASTRONARDI

Одбојкарската репрезентација на Полска продолжува успешно на Европското првенство 2023, денеска во четвртфиналната фаза во италијанскиот Бари ја совлада селекцијата на Србија со резултат 3:1 во сетови.

Најдобрите српски одбојкари го освоија првиот сет со 28:26, но потоа следуваше пресвртот на Полјаците.

Полска најпрвин убедливо го доби вториот сет со 25:15 за израмнување, а потоа и поведе по третиот сет кој донесе најголема неизвесност со 70 поени (36:34).

А во четвртиот Полска повторно резултатски доминираше (25:17) и трето по ред ЕП обезбедува пласман во борбите за медал.

Лукаш Качмарек во победничките редови беше најефикасен со 21 поен, два помалку имаше Вилфредо Венеро Леон.

На спротивната страна 19 поени запиша Дражен Лубуриќ, а 18 забележа Миран Кујунџиќ.

Противник на Полјаците во полуфиналето ќе биде репрезентацијата на Словенија која претходно со 3:1 ја елиминираше Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот