15 C
Скопје

Полковниците Василевски и Ковачки во препирка околу НАТО-сертификатите

Помина времето за пазарење со безбедносните сертификати и нивно политизирање, рече денеска полковникот и офицер за безбедност во Министерството за одбрана (МО), Горан Василевски, отфрлајќи ги како лаги, манипулации и двојни аршини обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Драган Ковачки во врска со ветингот.

Василевски напомена дека ветингот го врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, додека двете лица кои ги спомнува Ковачки, добиле НАТО и национално-безбедносни сертификати во времето на претходната влада, раководена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како припадник на безбедносниот сектор кој носи одговорност во дел од процесот за издавање безбедносни сертификати, изразувам силна осуда за тенденциозно наметнатата тема за ветинг процесот која Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ упорно ја форсираат во јавноста. Наспроти обвинувањата дека станува збор за непрофесионализам и партиско влијание, одговорно тврдам дека постапката за ветинг ја врши тим обучен од НАТО експерти врз чија работа не се врши апсолутно никакво влијание, истакна Василевски во изјава пред Министерството.

Очекував, дополни, да престанат, зашто е непрофесионално ова што го прават и зашто во овој сектор лагите и манипулациите со кои се служат се опасни.

Претходно, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ извести дека постои огромен сомнеж, а последните два примери се чист доказ, дека институциите под власт на СДСМ издаваат НАТО сертификати само на лица подобни за власта, без разлика на тоа дали лицето реално ги исполнува условите или не.

– Со неодговарањето на поставените прашања од нашите прес конференции, Радмила Шекеринска и Стево Пендаровски ги девалвираат институциите кои ги претставуваат. На сите им е јасно дека проблемот за враќањето на двајцата кандидати за воени, односно одбранбени претставници на Македонија во НАТО е во власта. И двајцата кандидати за претставници во НАТО кои беа вратени од Алијансата, внимавајте – добиле НАТО сертификат од органите на Република Македонија, но истите кога повторно биле проверени од нашите сојузници, не добиле потврда за тоа. Ова ни помалку ни повеќе, значи дека органите, односно институциите што се целосно партизирани од страна на партијата на власт, издаваат НАТО сертификати, кои при повторна проверка од страна на Алијансата се оценуваат како неточни и некредибилни. Значи, станува збор за делегитимирање на целиот процес воден од македонските институции, обвини Ковачки.

Поврзани вести

Во куќата на ужасот во Ритопек: Во дневната соба пронајдена ДНК од убиениот навивач Здравко Радојевиќ

Горан Наумовски

ВИДЕО| Се урна балкон, 15 лица паднаа на карпи

Слободен печат

Македонски војник со тешка состојба поради ковид-19 се транспортира од Африка

Слободен печат

Царовска демантира: ВМРО-ДПМНЕ преку своите партиски мегафони се обидува пак дрско да манипулира со граѓаните

Слободен печат

Рама: Решен сум да го заменам Илир Мета, тој ја срами земјата

Слободен печат

Израел возврати на рекетирањето од Газа, најмалку 20 загинати

Слободен печат

Остави Коментар