ПОЛИТИКА ВО СПОРТОТ, руска тенисерка не доби виза за САД

Политиката замеша прсти во спортот, откако на руската тенисерка која има триумф на УС Опен не и беше издадена виза за САД. Светлана Кузњецова мораше да го откаже настапот на турнирот во Вашингтон откако и по неколку недели чекање сè уште нема одговор на нејзиното барање за добивање виза за САД.

Таа на социјалните мрежи и официјално објави дека се повлекува од турнирот во Вашингтон каде требаше да ја брани титулата освоена минатата година.

„За жал морам да го откажам настапот на турнирот во Вашингтон поради проблеми со добивањето виза за САД. Сакам да им се извинам на сите кои ме очекуваа на турнирот. Никогаш во животот не сум доживеала нешто слично како ова, и се надевам дека еден ден повторно ќе добијам виза и ќе настапувам на турнирите во САД“, напиша Кузњецова на својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот