Полицијата во Боливија собира мртви човечки тела од улиците

Во изминатите пет дена специјалната полициска единица отстранила 420 човечки тела од улица, од автмобили и напуштени станови од Ла Паза и најголемиот град во Боливија, Санта Круз, извести АП.

Полковникот на полицијата Иван Рохас, началник на оваа специјална полициска единица изјавил дека се претпоставува дека 80 од 90 отсто од пронајдените починале од последици од Ковид-19.

 

Според податоците на Боливискиот институт за форензички истражувања, од 1 април до 19 јули специјализирани служби пронашле на улиците вкупно 3.016 тела кои најверојатно се жртви на коронавирусот.

Заклучно со вторникот на полноќ, во Боливија официјално потврдени се 60.991 случај на Ковид-19 и 2.218 починати од ова заболување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот