ПОЛИЦАЈКА ВО ВЕЛС МОРАШЕ ДА ДАДЕ ОТКАЗ: Спиела со жртва на сексуална злоупотреба која требала да ја чува

Британска полиција/Фото: EPA/ANDY RAIN

Полицајката Андреа Грифитс (44) даде отказ откако е откриена нејзината афера со жртва на сексуална злоупотреба, која ѝ била доверена на старателство во 2015 година, пренесуваат британските медиуми.

Андреа дала отказ од своето работно место како полицајка пред сослушувањето за недолично однесување во Северен Велс и, на тој начин, ги престигнала надредените кои секако планирале да ја отпуштат од работа.

– Андреа Грифитс беше офицер за врска. Таа развила непримерен, личен однос со маж кој беше жртва на сексуално злосторство – наведено е од полицијата.

Андреа Грифитс призна дека сексуалната активност се случила додека била на должност. Меѓутоа, според нејзините тврдења, таа и жртвата спиеле само еднаш, но и отфрла дека биле во врска.

– Признавам дека имав односи со жртвата на 29 јуни 2015 година. Го прифаќам длабокото кршење на законот и длаболо жалам поради тоа што се случи. За да избегнам посрамување на својата професија, дадов отказ од полицијата во Северен Велс – рече Андреа Грифитс на сослушувањето.

Надлежните рекоа дека полицајката ги прекршила стандардите на чесност и интегритет, поради што, ѝ да не одлучела да даде отказ, секако би била отпуштена од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот