Романец цртал свастики на автомобил со крв во Германија - Извор Х

Полицијата во Германија уапси маж кој цртал свастики на автомобили со крв

Пoлицијата во Ханау, во сојузната покраина Хесен, уапси 31-годишен маж под обвинение дека цртал свастики на автомобили и фасади со крв, јавува Гардијан.

Според полициското соопштение, 31-годишниот романски државјанин е осомничен дека го извршил делото како „можна спонтана реакција“ на проблеми на работа. Осомничениот ги цртал свастиките со сопствена крв и имал ниво на алкохол во крвта од 1,2 промили во моментот на апсењето. По апсењето бил однесен во психијатриска установа.

Според сведоците, а како што објавија германските медиуми, 31-годишниот Романец имал проблеми на работа, а чинот се толкува како „реакција на овие проблеми“. Полицијата започна истрага за прикажување на забранети симболи и оштетување на имот.

Градот Ханау е чувствителен на десничарско екстремистичко насилство поради масакрот во 2020 година кога десничарски екстремист застрела и уби девет граѓани од странско потекло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот