ВИДЕО | Инциденти на протестот во Белград – полицијата не му дава на ректорот Ѓокиќ да им се обрати на студентите
По упадот на Одделот за криминалистичка полиција (УКП) во зградата на Ректоратот во Белград утрово, професорите и студентите вечерва во 19 часот излегоа масовно на протест. Сè поголем број граѓани пристигнуваат пред оваа институција за да го изразат својот револт против нападот врз Универзитетот, но и да ги поддржат професорите и студентите на белградските факултети, пренесуваат српските медиуми.
Препорачано
Студент преку мегафон им соопшти на насобраните пред Ректоратот дека полицијата нема да му дозволи на ректорот Владан Ѓокиќ да излезе на балконот за да ја поздрави толпата.
„Не му дозволуваат на ректорот да излезе на балконот да нè поздрави“, рече тој.
Протестот почна тензично, кога полицајци со маски почнаа со пендреци да ги маваат насобраните студенти. Според новинарите кои низвестуваат од протестот, нивен колега е меѓу повредените на протестот. Тој бил удрен со пендрек и е однесен во болница со возило на брза помош.
Протест има и пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, како поддршка за колегите во Белград
Членови на УКП утрово влегоа во просториите на Ректоратот на Универзитетот во Белград по наредба на Вишото јавно обвинителство како дел од сеопфатната истрага за смртта на 25-годишна студентка и можните неправилности во работата на Ректоратот.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Тензично е пред Ректоратот во Белград: Маскирани полицајци тепаат студенти со пендреци


