Граничен премин Ќафасан / Фото: МИА / архива

Полицаец примил мито за да пушти украдено возило преку граница – ќе одговара кривично

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против Д.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

„Пријавениот, на работно место полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, преку социјална мрежа започнал комуникација со едно лице, при што директно побарал парични средства за себе за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно договорил на 05.04.2026, додека извршувал работни задачи на граничниот премин, на излез од државата да го пропушти лицето и патничкото моторно возило, кое го управувал, иако не е негова сопственост, не поседувал полномошно и возилото евидира како украдено на „стоп листата“ во системот за контрола на патници и возила“, соопшти полицијата.

Одделот за внатрешна контрола против Д.С. ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка – отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Членот на обезбедувањето на премиерот кој ја тепаше и ја давеше сопругата пред ќерката, добил условна казна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот