Пола од ѕвездите на ПСЖ ова лето испратени на позајмица

Јулијан Дракслер одлучи кариерата да ја продолжи во португалската Бенфика/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Неверојатен летен преоден рок има францускиот шампион чија управа само знае какви потези има намера да направи на фудбалскиот пазар.

Париските „светци“ со сите сили се обидуваат да направат екипа која ќе биде сериозен кандидат не само за трофеите во Франција, туку и за освојување на титулата во Лигата на шампионите.

Доста од големиот број на ѕвезди од редовите на ПСЖ се испратени на позајмица ова лето. Францускиот репрезентативец Лејвин Курзава до крајот на сезоната ќе игра за премиерлигашот Фулам.

Репрезентативецот на Сенегал Абду Диало се пресели во бундеслигашот Лајпциг, потоа до 30 јуни 2023 година Андер Ерера ќе игра за Атлетик Билбао.

Аргентинецот Леандро Паредес една година ќе го носи дресот на Јувентус, Џорџино Вајналдум до крајот на сезоната ќе биде во Рома, а на последниот ден од летниот преоден рок францускиот клуб објави дека до 30 јуни 2023 година Јулијан Дракслер ќе биде на позајмица во Бенфика.

Секако и натаму ПСЖ е полн со звучни имиња како Навас, Хакими, Рамос, Верати, Мбапе, Нејмар, Меси, Икарди, Ренато Санчес, а потсетување дека во изминатиот период за парискиот клуб потпиша Фабиан Руиз кој дојде од Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот