Вилијан се врати во Премиер лигата, Курзава од ПСЖ на позајмица во Фулам

Бразилецот Вилијан го напушти Коринтијанс и се пресели во Фулам/Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra

Фулам е доста активен на последниот ден од летниот преоден рок, пред продолжението на новата сезона во Премиер лигата, лондонскиот клуб обезбеди двајца нови играчи.

Лејвин Курзава, членот на ПСЖ, до крајот на сезоната ќе игра како позајмица во редовите на менаџерот Марко Силва.

Французинот Курзава игра на позицијата лев бек, со париските „светци“ успеа четири пати да ја освои „Лига 1“, а во пред две години беше финалист во Лигата на шампионите.

Вилијан (34) екс играчот на Челси и Арсенал се враќа во премиерлигашката елита, официјално потпиша договор на една година со Фулам.

Бразилскиот играч за врска во нападот доаѓа како слободен играч после разделбата со Коринтијанс во август.

– Среќен сум што сум тука, среќен сум што се вратив во Премиер лигата. Фулам е посебен клуб, клуб кој сака да се подобрува, кој сака да се бори за нешто поголемо, затоа јас сум тука да помогнам и едвај чекам да започнам – рече Вилијан.

Фулам исто така објави дека аргентинскиот голман Пауло Гасанига потпиша за шпанската Жирона, а според Фабрицио Романо во англискиот клуб на едногодишна позајмица треба да дојде и Даниел Џејмс од Лидс кој треба да ги помине лекарските прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот