„Поклонете се кучки“, им одговори Мадона на критиките за нејзините пластични операции

Мадона на годинашните Греми награди / Фото: Инстаграм/Мадона

Нескротливата мега ѕвезда Мадона и овој пат не им остана должна на злите јазици. По лавината од негативни коментари во врска со нејзиното последно појавување на доделувањето на Греми наградите, Мадона одговори на сите кои ја нарекоа „изобличена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daily Mail (@dailymail)


„Никогаш не сум се извинила за ниту еден мој креативен избор или за тоа како изгледам или се облекувам, па нема да го направам тоа ниту сега“, ѝ се обрати на јавноста Мадона, во нејзиниот најнов пост на социјалните мрежи.

Познатата 64-годишна поп икона во долгиот пост на социјалните мрежи најпрво зборува за наградата која таа ја претстави, конкретно за Ким Петрас, првата трансродна личност која добива Греми и пејачот Сем Смит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


„Ким Петрас и Сем Смит на Греми наградите. Сакав да ја презентирам последната наградата за албум на годината, но си помислив дека е поважно да ја презентирам првата транс жена на Греми. Историски момент, и згора на тоа освои награда“, напиша Мадона во својот пост.

„Наместо да се фокусираат на тоа што го реков во мојот говор, луѓето одбраа да ги коментираат фотографиите направени со долги објективи од новинарски фотограф, кои ќе го изобличеа сечие лице. Уште еднаш бен нападната поради моите години. Ова е свет кој одбива да ја слави жената по 45-тата година од својот живот, и ги казнува доколку имаат свое мислење, став или се авантуристки“, додава Мадона во својата изјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)


„Никогаш не сум се извинила за ниту еден мој креативен избор или за тоа како изгледам или се облекувам, па нема да го направам тоа ниту сега. Уште од почетокот на мојата кариера бев деградирана од медиумите, но ова го разбирам како тест, а јас сум среќна што можам да го отворам патот на сите жени после мене, да можат да го поминат полесно во годините што следуваат. Како што вели Бијонсе:  ‘Нема да ми ја скршите душата’. Ќе ги проширам своите хоризонти, ќе се противам на патријархатот и најмногу од сѐ, ќе уживам во животот. Поклонете се кучки“, го заврши своето обраќање Мадона.

ВИДЕО | Продолжува да шокира: Мадона со нова бизарна објава

Пластичен хирург откри што се случило со лицето на Мадона, по непрепознатливото појавување на Греми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот