Покетино позитивен на коронавирус

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Тренерот на францускиот шампион ПСЖ, Маурицио Покетино е позитивен на коронавирус, потврдија „светците“.

Покетино денеска ги доби резултатите од тестот и испадна дека тој е позитивен на ковид-19 поради што во наредниот период нема да смее да ја води екипата.

Тој ќе го пропушти натреварот против Анже во Лига 1 кој се игра викендов, а засега сè уште не е познато кога ќе може да се врати на обврските.

Аргентинецот неодамна на седна на клупата на ПСЖ наследувајќи го Томас Тухел, а во средата го освои првиот трофеј во тренерската кариера. Неговиот ПСЖ со 2:1 го совлада Олимпик Марсеј во францускиот Суперкуп.

Пред да седне на клупата на ПСЖ, Покетино беше тренер уште на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот