Покетино ја доби војната во Тотенхем, петмина летаат во јануари

twitter.com/piersmorgan

Лошите резултати на Тотенхем на стартот од новата сезона ги натера челниците на екипата да реагираат. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, застана зад менаџерот Маурицио Покетино кој беше посочуван како еден од виновниците за лошите резултати.

– Секогаш сум му зборувал на Даниел дека освен што ми е претседател, го сметам и за пријател. Фантастично е да се има неговата поддршка – изјави неодамна Покетино, што претставуваше еден вид најава на тоа кој ќе ја добие војната во клубот, тренерот или фудбалерите.

Леви одлучи на сметка на Покетино, да направи проветрување на соблекувалната со тоа што во јануарскиот преоден рок ќе бидат ставени на трансфер листата дури пет фудбалери меѓу кои ќе бидат и носителите на играта во последните неколку години. Тоа пред сè се однесува на Кристијан Ериксен кој е центарот на секс скандалот бидејќи медиумите открија дека неговата долгогодишна девојка била во тајна љубовна врска со Јан Вертонген.

Леви се обиде да го продаде Ериксен во летниот преоден рок, бараше 70 милиони евра за екипите надвор од Англија и најзаинтересиран беше Реал Мадрид. Претседателот  на Реал Мадрид, Флорентино Перез ги договори сите детали за трансферот, но во последен момент тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан ја стопира целата операција бидејќи не беше убеден дека Данецот ќе му помогне на тимот.

Леви во јануари по секоја цена ќе се обиде да продаде Ериксен, па дури на ривалите од Премиер лигата каде најзаинтересиран е Манчестер јунајтед, но цената ќе изнесува нешто повеќе од 90 милиони евра.

На крајот од сезоната им истекуваат договорите на белгиските репрезентативци, Тоби Алдервајрелд и Јан Вертонген и управата планина да ги пушти доколку дојде добра понуда во јануари. Според весникот „Тајмс“ на излезни врати од Тотенхем се и Серж Орие, Виктор Ванајама и англиските репрезентативци Дени Роуз и Ерик Даер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот