Погледнете го најдобриот гол на сезоната во Премиер лигата! (ВИДЕО)

twitter/Tottenham Hotspur

Сон Хјун-Мин, играчот на Тотенхем го има најдобриот гол во 2019/20 во Премиер лигата.

Јужнокорејскиот интернационалец во победата од 5:0 од својата половина започна соло акција, противничките играчи на Барнли едноставно не можеа да го запрат.

Минатата сезона во најсилното англиско првенство имаше учинок од 11 голови во 30 натпревари.

Хјун-Мин има договор со лондонскиот клуб до 30 јуни 2023 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 64 милиони евра.

Во сезоната 2018/19 со екипата успеа да стигне до финалето во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот