Поднесени се 23.861 барање за финансиска поддршка, донирани 9.529.917 денари преку повратот на ДДВ – УЈП нема да објавува листа на должници

фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Во УЈП пристигнаа мејлови од граѓани кои погрешно пристиснале опција „донирај“ и бараат да им се исплатат средствата

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција зборуваше за двете Уредби, апликацијата 14.500 и повратот на ДДВ.

-Тимот на УЈП активно се вклучи при креирање на мерките и нивно спроведување, почнувајќи од обрасците на страната на УЈП и достава на точна евиденција до институциите надлежни за исплата на финансиските средства.

Сакам да се заблагодарам на вработените во УЈП со цел да излеземе во пресрет на даночните обврзници. Помагама зе за намалување на негативните ефекти од кризата, заради исплата на платите април и мај 2020. Во УЈП заклучно со крајниот рок 7 мај поднесени се 23.861 барање за финансиска поддршка, а се однесуваат за 21.542 компании. Истите барање ќе се обработат и достават до генералниот секретаријат на Владата од каде ќе се врши исплатата на средствата за месец април. Од вкупниот број барања за усгостителска дејсност се 2.377, туристички агенции 253, транспорт 2.177 објекти за сместување 258 барања и за останататите дејности 16.625 барања.

Согласно донесената Уредба за физички лица со самостојна дејност, трговец поединец и лице кое врши доход од вршење на дејност и запишано во регистарот имаат можност за финансиска поддршка за април и мај во износ до 14.500 денари. За остарување на правото, лицето поднесува барање преку е-персонален данок. Самостојните вршители на дејност кои немаат профил на платформта на е-даноци поднесуваат преку системот на е-персонален данок, досега има 5.840 барања. Оваа група поднеле 2.164 барања за финансиска поддршка за април за своите вработени.

Преку Уредба за субвенционирање на социјално осигурување за април, мај и јуни за секој осигуреник да користат субвенција најмногу до 50 отсто пресметани на просечната бруто плата. според податоците од Државниот завод за статистика. За ова се поднесува барање за субвенционирање до УЈП, се врши преку е-даноци, а комплетноста ја потврдува УЈП во рок од 5 дена.

На 25 март стапија на сила две уредби за законот за данокот на личен доход и уредбата за примена на законот за добивка. Со нив се предвидува одложување на плаќање на месечни аконтации, на личен доход и добивка.

За примена на законот за ддв се издава електронска фактура за поедноставно работење на даночните обврзници. Со примена на законот за даночна постапка се намалува процентот за задоцнето плаќање. Исто така, УЈП нема и не објавува листа на должници, на доспејани и неплатини долгови за април, мај и јуни.

Рокот за изјаснување за поврат од ДДВ заврши на 5 мај. Вкупно 8.700 лица одлучија да го донирата повратот на ДДВ, износот на донацијата е 9.529.917 денари. Овој износ ќе се донира во Фондот за справување со Ковид-19. Во УЈП пристигнаа мејлови од граѓани кои погрешно пристиснале опција „донирај“ и бараат да им се исплатат средствата, дополнително ќе известиме за начинот на исплата, рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот