Почнува сезоната на Рибите: Што ги очекува хороскопските знаци во периодот на овие космички порамнувања?

хороскоп
Фото: Pixabay

Владеењето на Рибите започнува денес, на 19 февруари, во моментот на кулминација и затворање. Време е да собереме енергија и да се подготвиме за ново поглавје во нашите животи. Астролозите најавуваат дека оваа сезона на Рибите е една од ретките можности за космички порамнувања. Креативните енергии ќе се активираат додека Сонцето во Риби се усогласува со Нептун, кој исто така е владејачка планета на Рибите.

А еве како новите астролошки промени ќе влијаат на вашиот хороскопски знак.

Овен

Многу работи ќе бидат расветлени додека Сонцето пробива низ знакот Риби. Како што веројатно знаете, следната станица на Сонцето ќе биде вашиот знак, што значи дека ова е можност да се ослободите од минатото, да расчистите со сè што е старо и да се подготвите за доаѓањето на вашата сезона. Овенот е првиот знак на Зодијакот, и затоа вие сте родени лидери. Кога Сонцето е во вашиот знак, можете да ги искористите овие силни лидерски квалитети и да направите силен чекор напред. Сепак, непосредно пред доаѓањето на овој момент, треба да одвоите време за одмор, да размислите и да си разјасните што сакате. Оваа јасност не доаѓа од гледањето надвор од себеси, туку од одвојувањето време за да влезете внатре.

Бик

Многу е важно да имате силна заедница која ве поддржува и можеби неодамна сте имале моменти што навистина ви помогнале да го разберете тоа. Ако сте се чувствувале изолирани или се чувствувате како да правите сè сами, ова е вашата шанса да допрете до другите и да побарате поддршка. Рибите се многу сочувствителен знак, затоа проширете дел од тоа сочувство кон себеси и погрижете се вашите потреби да бидат задоволени. Можеби ви треба малку одмор. Внимавајте на нивото на енергија и запомнете дека постои моќ во барањето помош и создавање заедница која ќе ве поддржи.

Близнаци

Имате многу остар ум, но сега работите може да бидат малку „матни“ и можеби ќе ви биде потешко да ги добиете информациите што ги барате. Енергијата на Рибите може да ви го одвлече вниманието. Во оваа сезона работете на тоа да се ослободите од непотребните мисли во вашиот ум. Не треба да верувате во сè што мислите. Поминувањето време во медитација може да ви помогне во тоа, како и водењето дневник. Ставете ги сите ваши мисли на хартија и размислете за сè. Кога ќе завршите со читање на она што сте го напишале, запалете ја хартијата или искинете ја како симбол на ослободување. Во периодот кога Сонцето е во Риби, колку ви е почист умот, толку е поголема веројатноста да ги разберете работите околу вас.

Рак

Како воден знак се чувствувате како дома кога Сонцето е во знакот Риби. Енергијата на Рибите има способност да го отвори вашиот ум и да ве натера да размислувате подлабоко за работите околу вас. Ова е одлично време за учење, патување, читање, учење нешто ново или само размислување за подлабокото значење на вашиот живот. Всушност, ако има нешто што сакате да научите или да пробате, ова е совршено време да го направите првиот чекор. Учењето на нешто ново може да ви помогне да го проширите вашиот ум, да ја насочите вашата енергија во нова насока, а исто така може да доведе до нови возбудливи можности. Енергијата на Рибите е многу креативна, ќе го почувствувате тоа.

Лав

Како огнен знак, често сте страсни и полни со енергија што ве инспирира да напредувате и да оставите свој белег на секое поле. Сепак, под енергијата на водата во сезоната на Риби, од вас ќе се бара нешто друго. Вашиот главен збор оваа сезона е – трпение. Имајте на ум дека не треба да влегувате во ништо за што не сте сигурни. Вашата интуиција ќе ви биде водич, затоа верувајте му на гласот на вашето срце. Ако нешто не е во ред, можеби ќе ви помогне да направите мала пауза од сè. Енергијата на Рибите понекогаш може да ги направи работите збунувачки, што дополнитено ќе го отежнува согледувањето на вистината. Знајте дека вистината секогаш ќе го најде својот пат за да излезе на виделина. Ако ја имате со кого да ја споделите вистината, може да добиете и поттик од универзумот.

Девица

Неодамна почувствувате толку многу енергија во вашето срце и можеби ќе ги почувствувате нејзините ефекти уште повеќе во сезоната на Риби. Ако сте имале проблеми во љубовна врска, сезоната на Риби може да ги влоши работите. Иако ова може да донесе јасност, може и да ја замати водата. Дајте си шанса да се ослободите од одредени работи кои ве мачат. Верувајте дека многу работи ќе се разјаснат овој период. Можете да достигнете ново ниво на раст и зрелост на односите во вашиот живот. За првпат, можеби ќе можете да ги надминете сите стравови или ограничувања и да достигнете ново ниво на љубов, разбирање или пријателство.

Вага

Сезоната на Риби е вашата шанса да сонувате. Ако постои визија за поголемата слика што ја имате за вашиот живот или нешто што навистина го сакате, ова е вашата шанса да ги разјасните работите и да разберете што навистина сакате. Направете листа на сè што сакате да направите или, ако сте повеќе од визуелен тип, направете табла со слики што го буди просторот на чувства што сакате да ги создадете во животот. За да го живеете животот што го сакате, треба да почнете да го поседувате. Овој период бара од вас да преземете акција, да размислете кои чекори можете да ги преземете, дури и ако станува збор за мали чекори за почеток.

Скорпија

Како уште еден воден знак, вие сте длабоко поврзани со космичките енергии кога Сонцето преминува во знакот Риби. Како и Скорпијата, вие претставувате „фиксна“ вода, додека Рибите претставуваат „променлива“ вода. Ова може да направи да се чувствувате малку нестабилно, но погрижете се да го прифатите така што ќе си дозволите да се движите по вашиот природен тек. Вклучувањето во креативни проекти исто така може да ви помогне. Ако чувствувате потреба, заземјувањето и создавањето нова рутина исто така може да ви помогне и да ви донесе малку поголема стабилност во вашето секојдневие.

Стрелец

Според книгите за астрологија, енергијата на Рибите не е секогаш најдобра за вашата огнена природа, но тоа не е нужно точно. Додека енергијата на Рибите може да ве натера да се чувствувате малку расеано или можеби дури и несигурно на вашиот пат, има толку многу можности за раст што можете да ги искористите ако научите да функционирате во склад со таа енергија. Ако имате предизвикувачки околности на вашиот пат, видете дали можете да ја искористите енергијата на Рибите за да бидете креативни. Енергијата на Рибите тече, а кога ќе го прифатите тоа, ќе почнете да ги гледаме работите од нова перспектива. Ова е исто така време на сила во духовното царство, работејќи на негување на вашите духовни дарови.

Јарец

Во овој период добивате изобилство силна енергија. Изобилството е насекаде околу нас и доаѓа во толку многу различни форми, само треба да се отворите за да ги добиете тие подароци. Ако сакате да ја предизвикате енергијата на изобилството, без разлика дали се работи за пари, пријатели или можности, ова е вистинското време за вас. За да се повикате на изобилство, прво мора да почувствувате дека живеете во изобилство, па размислете што ве инспирира да се чувствувате така, тогаш задржете го тој простор на вибрации. Ако имате нова идеја или потфат што сакате да го започнете, сезоната на Риби ќе ви даде
креативен поттик што ви е потребен за да ги средите работите.

Водолија

Рибите се последниот знак на Зодијакот и често владеењето на Рибите е време кога можете да затворите некое поглавје во животот. Ова е време да оцените што е навистина важно за вас и да се уверите дека тоа е она на кое посветувате најмногу од вашето време и енергија. Ако нешто ве исцрпува, време е да си помогнете и да ставите крај. Енергијата на Рибите е многу духовна, па нека вашата интуиција биде ваш водич. Не ги присилувајте работите, туку почекајте, набргу следат вистински инспирирани постапки. Ќе знаете кои се вистинските чекори кога ќе го слушате своето срце.

Риби

Ова е вашата сезона и вашето време да блеснете. Кога Сонцето е во вашиот агол од Зодијакот, чувствувате најголем прилив на енергија. Искористете го максимумот од оваа енергија така што ќе одвоите време да ги наполните батериите и да се фокусирате на проекти кои ве исполнуваат и прават да се чувствувате целосни. Медитирањето на идејата дека сте веќе цели и комплетни, исто така, може да биде дополнително олеснување и поттик за вас. Бидејќи Јупитер исто така орбитира околу Рибите, тој го осветлува вашиот експанзивен оптимизам, затоа отворете се за да ја примите оваа енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот