Почнува осмото издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „Ода“, ќе се прикажат 105 филмови

Од утре па до 13 октомврир се одржува Тетовскиот интернационален филмски фетивал „Ода“. На фестивалот ќе бидат прикажани вкупно 105 филмови.

Исто така и Македонскиот документарен филм „Медена земја“ кандидат за Оскар ќе биде прикажан во Тетово во рамки на осмото издание на Тетовскиот интернационален филмски фестивал „ОДА“.

За да се реализира овој филмски фестивал беше потребна речиси цела една година и се надеваме дека ќе успееме да пружиме нешто што и на институции имаат проблем да го направат – изјави Сабедин Селмани, директор на фестивалот.

Во сите денови од фестивалот ќе има по седум термини за проекции на исто толку категории н филмови, а ќе се одржуваат и работилници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот