Почнува имунизацијата со Џонсон и Џонсон во Грција

Истражување: Ова се најчестите симптоми на инфекција кај оние кои се вакцинирани
ФОТО: Драган Митрески - СП.

Заклучно со вчера, во земјата се спроведени 3.201.212 вакцинации, од кои 2.214.660 граѓани ја примиле првата доза, а 986.552 и втората.

Во процесот на имунизација во Грција од денеска вклучена и вакцината на Џонсон и Џонсон, која е наменета за сите категории граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Според најавите од изминатите денови од генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, паралелно, од денеска почнува третата фаза на имунизација во земјата, со дополнителен број пунктови и се очекува да се зголеми бројот на дневните вакцинации.

Заклучно со вчера, во земјата се спроведени 3.201.212 вакцинации, од кои 2.214.660 граѓани ја примиле првата доза, а 986.552 и втората.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот