Почна НБА лудилото: Вучевиќ стана „бик“, Денвер го донесе Арон Гордон

epa08098362 Orlando Magic center Nikola Vucevic (R) of Montenegro in action against Washington Wizards center Anzejs Pasecniks (L) of Latvia during the second half of the NBA basketball game between the Orlando Magic and the Washington Wizards at CapitalOne Arena in Washington, DC, USA, 01 January 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Во последните часови од преодниот рок во НБА лигата, Орландо се ослободи од трите најголеми ѕвезди.

Центарот на Орландо меџик, Никола Вучевиќ кариерата ќе ја продолжи во Чикаго булс, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Иако прва опција беше размена со Сан Антонио, челниците на Орландо ги одбија „мамузите“ и ја прифатија понудата на Чикаго кој во замена за Вучевиќ, во спротивен правец ќе ги испрати Ото Портер, Вендел Картер и два избори од првата рунда во наредните две години.
Заедно со Вучевиќ, во Чилаго ќе замине и Ал Фарук Амину. Вучевиќ оваа сезона игра одлично, се појави на ол стар натпревари, а има просек од 24.5 поени и 11.8 скокови по натревар.
Орландо денеска се откажа и од одличниот бек Еван Фурние кој е испратен во Бостон во замена за два избора од втората рунда на драфтот. Фурние беше еден од најдобрите играчи на Орландо со 19.7 поени по натпревар.

Челниците на Орландо се одлучија за целосен ремонт на екипата и поради тоа во последните часови од преодниот рок се одлободија и од третата голема ѕвезда, Арон Гордон.
Следен клуб на Гордон ќе биде Денвер нагетс кој во спротивен правец ги испрати Гери Херис, Ер Џеј Хемптон и избор од првата рунда на драфтот.
Гордон во 2014 година беше избран како четврти пик на драфтот и целата кариера ја помина во Орландо, но сега се очекува да биде од голема помош за Денвер во обидот да се стигне до големото НБА финале.
Денвер освен Гордон, донесе уште еден играч, центарот Џавал Мекги од Кливленд и тој ќе ја има улогата на резервист, односно да го одмори првиот играч на екипата, Никола Јокиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот