Фото: Принтскрин - Инстаграм

Почина шпанскиот моден дизајнер Пако Рабан

Пако Рабан, легендарниот моден дизајнер, почина на 88-годишна возраст, пишува Би-Би-Си.

Франциско Рабанеда Куерво, попознат под псевдонимот Пако Рабан, беше шпански моден дизајнер со баскиско потекло, кој стана познат како „enfant terrible“ на францускиот моден свет во 1960-тите на 20 век.


Пако Рабан е роден на 18 февруари 1934 година во баскискиот град Пасаја, провинција Гипускоа. Неговиот татко, републикански полковник, бил погубен од трупите на Франко за време на шпанската граѓанска војна. Мајката на Рабано, била главна шивачка во првата модна куќа на Кристобал Баленсијага во Доностија, Баскија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paco Rabanne (@pacorabanne)


Поради Шпанската граѓанска војна, тие се преселиле во Париз во 1937 година. Во средината на 1950-тите, додека студирал архитектура на „Ecole National des Beaux-Arts“ во Париз, Рабан заработувал правејќи модни скици за Диор и Живанши и скици за чевли за Шарл Журдан, но подоцна се вработил во најголемиот француски производител на армиран бетон, Огист Пер, каде работел повеќе од десет години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue France (@voguefrance)


Својата успешна кариера ја изгради дизајнирајќи гардероба, накит и парфеми. Неговата смрт ја потврди Пуиг, матичната компанија на неговите брендови, велејќи дека тој „обележал генерации со својата радикална визија за модата и неговото наследство ќе живее понатаму“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот