Почина легендата на српскиот фудбал, Илија Петковиќ

EPA/Srdjan Suki

Легендарниот тренер почина на 75-годишна возраст.

Петковиќ во последните неколку дена беше во болница во Белград и беше на респиратор. На легендарниот тренер му пукнал чирот на дванаесетпалачното црево додека бил сам во својот дом поради што изгубил голема количина на крв, а во болница е утврдено дека тој е позитивен и на коронавирус.

Илија Петковиќ ќе остане запомнет како еден од надобрите фудбалери во историјата во регионот, кој во тренерската кариера беше селектор и Југославија, а потоа и на Србија и Црна Гора.

Петковиќ е роден на 22. септември 1945 година во Книн, а најголемиот дел од играчката кариера ја помина во ОК Београд.
Тренерската кариера ја започна токму во ОФК Београд, а последен ангажман му беше како селектор на младата репрезентација на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот