Почина Курт Вестергард, авторот на карикатурите што предизвикаа бес кај муслиманите

Фото: EPA-EFE/PREBEN HUPFELD DENMARK OUT

Тој стана познат ширум светот кога во весникот беа објавени 12 карикатури по наслов „Лицето на Мухамед“

Данскиот карикатурист Курт Вестергард, чијашто карикатура на пророкот Мухамед во 2005 година предизвика бес кај муслиманите ширум светот, почина на 86-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Вестегард, кој работеше за конзервативниот весник Јиландс-постен од почетокот на 1980-тите, почина по долго боледување, пренесува Би-би-си.

Тој стана познат ширум светот кога во весникот беа објавени 12 карикатури по наслов „Лицето на Мухамед“.

Ова предизвика гнев кај муслиманите затоа што според нивната вера лицето на пророкот не смее да се прикажува со слика.

Гневот ескалираше во 2006 година со анти-дански демонстрации ширум светот во кои имаше и загинати, пишува Гардијан. Амбасадата во Дамаск беше запалена, а беа нападнати повеќе дански амбасади ширум светот.

Насилството поврзано со карикатури на пророкот Мухамед кулминираше во 2015 година, кога 12 луѓе беа убиени во просториите на парискиот хумористичен магазин „Шарли Ебдо“ во Париз. Имено, магазинот ги преобјави спорните карикатури.

По објавувањето на карикатурите, Вестергард добиваше закани со смрт и беше мета на неколку атентати, пренесува Блиц. Но, на крајот одлучи да живее во куќа со заштита со данскиот град Архус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот