Почина девојката којашто завчера беше прегазена на булевар „Борис Трајковски“

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Почина девојката којашто завчера беше прегазена на булевар Борис Трајковски. Како што дознава „Слободен печат“ девојката итно била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што итно била оперирана, но им подлегнала на повредите.

„На 30.8.2023, во околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски ртегистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.

 

 

 

 

Удрил во малолетничка и избегал, синоќа времено затворен булеварот „Борис Трајковски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот