Победниците по категории од првата трка на Македонскиот куп во далечинско пливање
Се организираше првата трка во рамките од деветтото издание на Македонскиот куп во далечинско пливање на езерото Преспа. На стартот се појавија вкупно 35 пливачи кои се натпреваруваа во три категории на натпреварувачи од Купот.
Препорачано
Техничкиот организатор Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид ја предвиде плажата Цоца – с. Сливница каде што се одржаа трките од првата трка на Купот.
Во категоријата 2005 и постари првопласиран беше Евгениј Поп Ацев, а кај жените најдобра е Јана Констандиновска.
Следната трка од купот е закажана за 23 јули во Крушево.
Победници по категории од првата трка на Македонскиот куп во далечинско пливање која се одржа на езерото Преспа:
Категорија 2005 и постари
МАЖИ
1.Евгениј Поп Ацев Вардар 2018
2.Кристијан Стојановски ПК Скопје
3.Александар Илиевски ПК Нептун
ЖЕНИ
1.Јана Констандиновска
Категорија 2006-2008
МАЖИ
1.Михаил Велков ПК Нептун
2.Петар Цеков ПК Вардар 2018
3.Димитар Бошнаков ПК Скопје
ЖЕНИ
1.Сара Јанковиќ ПК Скопје
2.Ивана Неделковска ПК Скопје
3.Јована Неделковска ПК Скопје
Категорија 2009-2011
МАЖИ
1.Давид Неделковски ПК Скопје
2.Марио Березовски ПК Скопје
3.Сергеј Малјановски Арнаудовски ПК Октопод
ЖЕНИ
1.Емилија Велкова ПК Нептун
2.Сара Анастасовска ПК Нептун
3.Калина Трпчевска ПК Делфин


