Илустрација / Фото: JOHN ANGELILLO / UPI / Profimedia

Побарала од Четџипити да ѝ направи добитна комбинација за лото, сега е побогата за 100.000 долари

Тами Карви, жителка на Мичиген, е една од добитничките на лотаријата „Пауербол“, благодарение на вештачката интелигенција.

Како што пренесува „Њујорк пост“, 45-годишната жена го замолила Четџипити да ги избере нејзините броеви за следната лото комбинација, не знаејќи какво изненадување ја чека.

„Го замолив Четџипити за комбинација на ‘Пауербол’ броеви и ги запишав на лото ливчето“, рекла Тами.

Таа додава дека обично игра само кога џекпотот ќе достигне голема сума, па кога бројката надминал неверојатни 1,787 милијарди долари, не можела да одолее.

За време на извлекувањето, сфатила дека четирите броеви избрани од Четџипити се на ливлето, што ѝ донело 50,000 долари.

Сепак, Тами играла и дополнителна опција – Пауерплеј, која ја удвоила нејзината награда, односно ја зголемила на 100.000 долари.

„Јас и мојот сопруг бевме целосно шокирани“, открила таа.

Лотаријата на Мичиген се огласи и истакна дека нејзината добивка била случајна и не можела да биде „пресметана“ со алатки за вештачка интелигенција или софтвер за генерирање броеви.

Тами планира дел од парите да ги искористи за да го отплати преостанатиот долг за куќата, додека остатокот ќе биде депониран во банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот