По жестоките критики од јавноста: Контроверзната серија „The Idol“ нема да добие втора сезона

Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Контроверзната телевизиска серија „The Idol“, во режија на американскиот режисер Сем Левинсон, нема да добие втора сезона.

Една од најпровокативните авторски програми на „Ејџ-би-о“ наиде на жестоки критики кај публиката и стручната јавност уште од своето премиерно прикажување.

„По многу размислување, ‘Ејџ-би-о’, како и креаторите и продуцентите (на ‘The Idol’), одлучија да не продолжат со втора сезона. Благодарни сме на авторите, актерите и  целата екипа за нивната неверојатна работа“, изјави претставник нa „Ејџ-би-о“ за „Варајети“.

Д Викенд и Лили Роуз Деп „The Idol“
Фото: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Првата сезона имаше само пет епизоди, во кои главните улоги ги одиграа Лили Роуз Деп и Ејбел Тесфаје, познат по неговото уметничко име Д Викенд.

Приказната ја следи младата поп-ѕвезда Џоселин (Лили Роуз Деп) и нејзиното враќање на музичката сцена по доживеаниот нервен слом. Среде обидот да ја обнови својата кариера, таа започнува сложена романтична врска со Тедрос (Д Викенд) – гуру за самопомош и водач на современ култ.

Режисерот Левинсон постигна голем успех со својата серија „Euphoria“, која минатата година освои дури 16 Еми награди. Меѓутоа, на порталот „Rotten Tomatoes“, кој го анализира рејтингот на критичарите, „The Idol“ доби само 19 отсто позитивни оценки.

Гледачите воочија детали: Селена Гомез е инспирација за контроверзната „The Idol“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот