По веста за разделбата на Ким и Пит Дејвидсон, Интернетот е преплавен со мемиња: Се огласи и Канје

ким кардашијан
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон / Фото: Принтскрин Инстаграм/Твитер

Веста дека Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се разделиле по девет месеци врска стана топ тема на социјалните мрежи изминативе денови.

Ким и Пит се разделија: На социјалните мрежи кружи теорија дека Крис Џенер „вмешала прсти“

Како што пренесуваат странските медиуми, тие се уште имаат многу љубов и почит еден кон друг, но динамиката на врската на далечина и напорниот распоред биле премногу за да се одржи стабилна врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Откако беше објавена веста, интернетот е преплавен со мемиња за врската помеѓу комичарот и реалити ѕвездата.

Некои веруваат дека нивната врска била само добар ПР трик, други жалат за нивното раскинување, а трети пак се шегуваат и пишуваат дека Канје Вест, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, сега е среќен.

Канје Вест на својот инстаграм-профил објави слика од лажен весник на Њујорк Тајмс со наслов „Скит Дејвидсон мртов на 28 години“, како реакција на веста. На почетокот на оваа година, Канје го прозва Пит повеќе пати, па дури и отиде дотаму што објави музичко видео каде што изгледа како да го закопува Пит жив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

Многу фанови се осврнаа и на тетоважите кои Дејвидсон ѝ ги посвети на Ким. Пишуваат дека веројатно сега се кае.

Да потсетиме, Ким и Пит официјално се појавија заедно во јавноста во ноември минатата година. Обожавателите почнаа да шпекулираат за нивната врска откако беа видени како заедно се возат на вртелешка во еден забавен парк и таму се држеа за рака, а сето тоа беше снимено на камера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот