Ким и Пит се разделија: На социјалните мрежи кружи теорија дека Крис Џенер „вмешала прсти“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Иако фановите на парот сметаа дека нивната љубов ќе трае долго, сепак според странските медиуми разликата во години и обврските спрема сопствените кариери си го направиле своето. Популарната ријалити ѕвезда од семејството Кардашијан, Ким Кардашијан и нејзиниот партнер, комичарот Пит Дејвидсон, се разделија по девет месеци врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Ким и Пит решија да бидат пријатели. Тие се полни со љубов и почит еден кон друг, но сфатија дека далечината и нивните зафатени распореди го отежнуваат опстанокот на врската“, изјави за „Page Six“ извор близок до семејството Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Друг извор додава дека за раскинувањето придонела и разликата во годините.

Пит Дејвидсон поминувал многу време работејќи на филм во Австралија, додека Ким која е мајка на четири деца, е растргната помеѓу бизнисот и поделеното старателство со поранешниот сопруг Канје Вест.

Иако Кардашијан и Вест имаа јавни караници во изминатите месеци, изворот вели дека тоа не е причината за раскинувањето со Дејвидсон.

„Процесот на развод оди напред, а тие се фокусираат на заедничко родителство“, објаснил изворот за странските медиуми за односот меѓу Ким и Канје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Ријалити ѕвездата најде утеха во младиот комичар кој заведе многу познати убавици, а иако нејзините обожаватели беа навистина среќни поради врската со Пит, на нивната љубов очигледно ѝ дојде крајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kris Jenner (@krisjenner)

Покрај изјавите на извори блиски до семејството Кардашијан на социјалните мрежи наголемо кружи теоријата дека Ким навистина не раскинала со партнерот, туку дека веста ја лажирала нејзината мајка Крис Џенер, за да го одвлече вниманието од веста за раѓањето на заедничкото дете на Клои и Тристан преку сурогат мајка.

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон станаа родители по втор пат: Тру доби братче

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот