Клои Кардашијан и Тристан Томпсон станаа родители по втор пат: Тру доби братче

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Откако му прости за неколкуте прељуби кои излегоа во јавноста, Клои Кардашијан минатата година реши да даде втора шанса на Тристан и нивната врска само поради нивната малолетна ќерка. Сепак на НБА ѕвездата не издржа долго, а неверствата се негов главен порок. Додека Тристан ужувал во прегратките на друга жена, била започната процедура парот да добие уште едно дете преку сурогат мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tristan Thompson (@realtristan13)


Само еден месец откако веста осамна во странските медиуми дека нивната ќерка Тру ќе добие братче Клои Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер, кошаркарот Тристан Томпсон на 5 август станаа родители на нивното второ дете, пренесува магазинот „People“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)


Синот на Клои и Тристан го роди сурогат мајка, а веста за втората бременост излезе во јавноста во јули оваа година, по што Клои беше цел на потсмев и остри критики на интернет.

Имено, Тристан и Кардашијан со години ја чуваат врската на тенок мраз, а за сè е виновен Тристан кој безброј пати ја изневерувал Клои, а таа секој пат му простува. Иако никој не знае што ќе одлучи на крајот Клои и колку ќе трае нивната љубовна агонија, парот моментално не е заедно, а веста дека и покрај сè чекаат второ заедничко дете ја шокираше јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)


„Тоа е непочитување… Не знам како можеше да си го дозволи тоа по толку разочарувања“, е само еден од бројните коментари на „Твитер“ упатени кон ријалити ѕвездата која упорно веруваше дека нејзиниот веќе поранешен сопруг ќе се промени.

Двојката веќе има едно заедничко дете, ќерката Тру, а на самиот ден на нејзиното раѓање, Клои преку социјалните мрежи дозна за неверството на својот партнер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот