По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Јосифовски: Очекувам повеќе дружби и забава

Здравко Јосифовски од Независната Угостителска Комора
Здравко Јосифовски, Независна Угостителска Комора / Утрински брифинг

Здравко Јосифовски, претседател на Независна угостителска комора за „Слободен печат“

Годинава ќе ја паметам по лажни надежи и ветувања дека пандемијата со ковид-19 ќе заврши, по несоодветни и задоцнети протоколи и препораки од Комисијата за заразни болести,  со големи ограничувања и забрани во работењето на угостителските објекти, големи неисполнети ветувања од владата за помош и поддршка на угостителите и угостителските работници премалите и задоцнети  финансиски мерки за помош и поддршка. Накусо, по големите и  ненадоместливи штети и загуби, како последица на пандемијата

Новата година се надеваме дека ќе ја помниме по конечно завршување на пандемијата и укинување на сите забрани и ограничувања на работењето и слобода во движењето, нормализација на животот и враќање на културните традиции и обичаи со позната социјализација – повеќе дружби, забави и незаборавни моменти.

 

Видео на денот