По седум години брак: Кралскиот пар го очекува првото дете (ФОТО)

принтскрин

Принцот Гијом и принцезата Стефани од Луксембург во 2020 година ќе го добијат своето прво дете.

Оваа вест е објавена на официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство, под официјалните фотографии од кралскиот пар.

Да се потсетиме, и претходно, поточно во 2016 година, се пишуваше дека принцезата е бремена, но таа тие натписи брзо ги демантираше.

– Во моментов не ми е во план да бидам мајка. Уживам во времето кое го поминувам со мојот сопруг, изјави таа тогаш.

Тие двајца се венчаа во октомври 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот