По „неуспехот“ на Србија, Богдановиќ го цитираше Џордан! (ФОТО)

фото: fiba.basketball

Можеби јас сум виновен. Ова е само почеток…Нема изговори – напиша Богдановиќ на Твитер.

Тие се фактички се воведните зборови од една реклама на легендарниот кошаркар Мајкл Џордан, во која вели:

„Можеби ве натерав да помислите дека е лесно, кога не било. Можеби ве натерав да помислите дека моите најдобри потези започнале од линијата за слободни фрлања, а не во теретана. Можеби ве натерав да помислите дека секој шут кој сум го имал бил за победа, дека мојата игра се базира на силата, а не на страста. Можеби сум виновен што не видовте дека неуспесите ми даваа сила, дека болката е мојата мотивација. Можеби ве натерав да помислите дека кошарката е Божји дар, а не нешто на кое сум работел. Секој ден од мојот живот. Можеби и ја уништив оваа игра. А можеби…Можеби барате само оправдувања“.

Најдобриот српски кошаркар го заврши Светското првенство во Кина како најдобар поентер, а беше и избран во идеалниот тим на планетарниот собир.

Србија на Мундобаскет 2019 го освои „само“ петтото место, иако се очекуваше да се бори за златниот медал, и според ФИБА ранкинзите беше најавувана како најголем фаворит за тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот