Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

По Брегзит над 7.000 банкари „побегнале“ од Британија во ЕУ, главно во Ирска

Повеќе од 7.000 вработени во финансискиот сектор се префрлиле од Лондон во Европската унија како резултат на Брегзит, што е за 400 помалку од проценката дадена минатиот декември, објави денеска консултантската компанија EY.

Иако вкупниот број е значително помал од 12.500 работни места кои компаниите ги предвидоа во 2016 година, кога Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија, не е исклучен понатамошен раст на преместувањето, според EY во новиот извештај „Brexit Tracker“, пренесува Ројтерс.

Во исто време, новите работни места поврзани со Брегзит изнесуваа вкупно 2.900 низ Европа и 2.500 во Британија, каде што нешто повеќе од еден милион луѓе работат во секторот за финансиски услуги, според истражувањето.

Понатамошните преместувања би можеле да бидат резултат на проверка на Европската централна банка (ЕЦБ) за тоа дали „погоните за Брегзит“ отворени од лондонските банки како нивна европска база имаат доволно персонал за да го оправдаат добивањето лиценца за работа, според EY.

Најпопуларна дестинација за преместување на персоналот и отворање банкарски центри е Даблин, а потоа следат Луксембург, Франкфурт и Париз.

Најдобар резултат во однос на привлекување работни места од Лондон, според извештајот на EY, постигнал Париз, каде биле префрлени вкупно 2.800 вработени, а потоа Франкфурт со околу 1.800 и Даблин со 1.200.

Трансферот на средства од Лондон до финансиските центри во ЕУ се уште изнесува околу 1,3 трилиони фунти (1,7 трилиони долари), се наведува во извештајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот