ПМФЛ: Струга ТЛ реди победи, Брегалница го реши шампионот

Струга ТЛ останува лидер на табелата/фото: Фејсбук/F.C. Struga

Фудбалерите на Струга ТЛ продолжуваат со одличните игри во Првата фудбалска лига и по шест кола имаат перфектен учинок. Последна жртва на Струга ТЛ е екипата на Академија Пандев која е совладана со 3:0 и тоа на гости.

Победата на стружани ја најави Буњамин Шабани во 32. минута, додека на вториот гол се чекаше 40 минути. Во 73. Минута Бесарт Ибраими зголеми на 0:2, а конечниот резултат го постави Мерџани во последната минута од натпреварот.

Екипата на Брегалница во дербито на шестото коло, во Штип со 2:0 го совлада шампионот Шкупи кој пред неколку дена остана без тренер по оставката на Гоце Седлоски. Штипјани беа подобар тим на теренот, а работата дополнително им беше олеснета со исклучувањето на напаѓачот на Шкупи, Адетунџи во 32 минута поради неспортски потег.

Добрата игра, домашните фудбалери ја крунисаа со два гола на Ѓорѓи Ѓорѓиев. Прво во 77 минута Ѓорѓиев го отвори резултатот со гол од слободен удар, осум минути подоцна погоди за 2:0.

Шкендија и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 1-1 во Тетово. Арби Воша ги доведе „лавовите“ во водство во 54. минута, а Лупче Дориев во 63 минута погоди за конечни 1:1.

Скопје со голот на Кировски во 34 минута славеше против Победа, додека Силекс со 3:2 го победи Тиквеш. Петровиќ во 38 минута им донесе водство на кратовчани, за Тиквеш во второто полувреме со головите на Н’гоба и Миловановиќ да поведе со 1:2. Во финишот, Силекс постигна два гола, прво во 75 минута Љамалари израмни на 2:2, а голот вреден три бода го постигна Масевски во 84 минута.

Резултати:
Брегалница – Шкупи 2:0
А. Пандев – Струга ТЛ 0:3
Шкендија – Македонија ЃП 1:1
Силекс – Тиквеш 3:2
Скопје – Победа 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот