Пливачкиот клуб „Скопје“ со четири медали на меѓународниот натпревар „Свети Никола“ во Ниш

фото: Пливачки клуб „Скопје“

Помала екипа од седум пливачи од Пливачкиот клуб „Скопје“ учествуваше на меѓународниот натпревар „Свети Никола“ во Ниш, Србија.

Првото место во дисциплината 200 метри мешано го освои Анастасија Киранџиќ. Потоа, Софија Наумовска се закити со два медали, второ место на 50 метри слободно, и трето место на 100 метри слободно. Емил Суботиќ беше третопласиран во дисциплината 50 метри грбно.

Воедно Пливачкиот клуб „Скопје“ информираше дека беше дел од „Атлас Винтер Куп 2023“ на чиј натпревар настапи со 33 пливачи.

Клубот успеа да освои 33 медали, од кои 18 златни, девет сребрени и шест бронзени.

За најдобар пливач во категоријата 8 години и помлади прогласен е Дамјан Иванов, а најдобар пливач во категоријата 13/14 години прогласен е Давид Неделковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот