Плевнелиев: Србија никогаш нема да дозволи Македонија да влезе во ЕУ пред неа

Росен Плевнелиев
Росен Плевнелиев, поранешен претседател на Бугарија/Фото: Скриншот

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во интервју за БТВ нагласи дека Србија нема да дозволи Република Северна Македонија да оди по патот кон интеграција во ЕУ пред самата Србија да ја подреди сопствената геополитичка позиција, а таа според него во моментов е растргната меѓу Русија и Европската Унија.

„Србија ќе стори сé што е можно за да го осуети преговарачкиот процес за влез на Република Северна Македонија во Европската Унија пред самата да го стори тоа. И гледаме дека самата Србија се уште се лула меѓу орбитата на Русија и Европа“, изјави Росен Плевнелиев.

Според него, владата во Северна Македонија виси на конец и нејзината ситуација не е воопшто лесна. Затоа бугарската позиција треба да биде помагање на евроинтеграциите на РСМ.

„Мораме да имаме многу избалансирана политика, ние самите во Бугарија мора да внимаваме да не вршиме такви провокации. Мора да се однесуваме како возрасни, мора да знаеме дека е тешка и тешка битка да се одречеме од фашистичкото титосталинистичко минато. За жал, денешните елити во Северна Македонија се уште страдаат од ова“, објасни понатаму Плевнелиев кој беше претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот