План за воена состојба: железничари во Србија добиле распоред на задачи

Компанијата „Железници на Србија-Инфраструктура“ им доставила на своите вработени решенија за распоредување на работни места во случај на прогласување воена или вонредна состојба.

Порталот Нова.рс дошол до Решение за распоредување на обврзници на работна обврска кои биле поделени на вработените во државната компанија „Инфраструктура железнице Србије“. На нив како датум е наведен 13 февруари, а потпишани се на 4 март.

Тие се однесуваат на распоредување на вработените на работни места во случај на прогласување воена или вонредна состојба.

Во решението се наведени четири точки. Во првата се наведува името и презимето на лицето на кое се однесува решението, како и неговите лични податоци, адреса и ниво на квалификација, а во втората е назначено работното место на кое лицето се распоредува, од моментот на прогласување воена или вонредна состојба, па сè до денот на нејзиното завршување.

Третата точка се однесува на заработката, а во четвртата пишува дека решението стапува на сила во случај на прогласување воена или вонредна состојба.

Во образложението во самиот документ се вели дека дека решението се носи врз основа на Одлуката за воена организација и систематизација на работните места во „Железници на Србија-Инфраструктура“ за време на воена или вонредна состојба од 25.12.2024 година и Планот за дополнување од 23.06.2025 година, како и дека на вработениот му се утврдува работна обврска и се распоредува за извршување на работи и работни задачи.

Во образложението се повикуваат на член 50 од Законот за одбрана, каде што е пропишано дека работна обврска се воведува во воена и вонредна состојба во државните органи, органите на автономните покраини, органите на единиците на локалната самоуправа, стопанските друштва и други правни лица.

Се додава дека во случај на повик од надлежниот регионален центар на Министерството за одбрана, вработениот е должен да се одзве. Се нагласува дека доколку лицето не постапи по споменатото решение во случај на прогласување воена или вонредна состојба, му престанува работниот однос.

Во образложението пишува и дека овластено лице ќе го запознае вработениот на кого се однесува решението со задачите што ќе ги извршува во согласност со споменатото решение, како и со обврските за чување податоци од значење за одбраната.

Нова.рс испратила прашања до „Железници на Србија-Инфраструктура“, каде што прашала по кој повод такви решенија им биле испратени на вработените, како и дали очекуваат прогласување воена или вонредна состојба и зошто. До моментот на објавување на текстот, одговори на овие прашања не биле добиени.

Како што им кажале поранешни вработени во Железниците, и порано се случувало работниците да добиваат слични решенија, при што нагласуваат дека не ги добивале сите вработени.

„Во Хрватска патувајте само ако морате“ – Србија објави „семафор“ со совети за патување

Наши вработени беа малтретирани, реагираат од британската амбасада од Белград откако го посетија Аранѓеловац

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот