Тифен и Лоранс Озиер, ќерките на Брижит Макрон/Фото: Профимедиа

Наши вработени беа малтретирани, реагираат од британската амбасада од Белград откако го посетија Аранѓеловац

Двајца вработени во британската амбасада претрпеа малтретирање за време на посетата на Аранѓеловац, соопштија од конзулатот сместен во Белград, пренесува Нова.рс.

Како што пишува медиумот, во јавноста се појави снимка која прикажува како двајцата вработени од амбасадата се попречени за време на неодамнешната рутинска дипломатска посета на градот Аранѓеловац.

Претставниците на амбасадата требало да се сретнат со луѓе од локалната самоуправа и опозицијата.

На снимката, објавена од српски Информер, се слуша човек кој во кафуле ја испрашува Звездана Црногорац за причините за нејзината посета на Аранѓеловац и повеќепати се обидува да седне на нејзината маса. Тој поставува прашања до вработените во амбасадата, седнати со неа, нарекувајќи ја „странска платеничка“ и изнесувајќи други обвинувања.

Откако вработените во амбасадата станале и го напуштиле кафулето, мажот продолжил да ги следи и да ги снима.

„Длабоко сме разочарани затоа што две лица им пристапиле агресивно, ги вознемирувале и ги спречиле да ја вршат својата работа. Ваквите активности се неприфатливи, го поткопуваат угледот на Србија и ја намалуваат можноста за заемна соработка во интерес на двете држави“, соопшти амбасадата на Британија.

Инаку, Аранѓеловац е една од општините во кои на 29 март ќе се одржат локални избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот