Пјер-Емерик Обамејанг подготвен да се врати во Барса

фото: EPA-EFE/Manuel Bruque

Фудбалерот на Челси, Пјер-Емерик Обамејанг изрази желба да се врати во редовите на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Обамејанг (33) наводно им рекол на челниците на каталонскиот клуб дека е подготвен да игра и за помала плата на „Камп Ноу“.

Претседателот на Челси, Тод Боли е разочаран од однесувањето на Обамејанг, кој е посветен на каталонскиот клуб.

Со фудбалерите на Барселона славеше по неодамнешната победа во Ел Класико над Реал Мадрид (2:1) во шпанската „Ла Лига“.

Обамејанг минатата година пристигна во Челси од Барсa, а пред каталонскиот клуб играше за Арсенал, Борусија Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, Дижон и Милан. Сезонава одигра 18 натпревари и постигна три гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот