Пинк наполни 41 година – Уникатна бунтовничка која ги критикуваше колегите и власта, не и недостасуваше храброст ниту да го запроси сопругот (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Една од најпопуларните американски пејачки Пинк вчера наполни 41 година…

Американската пејачка Алиша Бет Мур, попозната како Пинк (41) е родена на 8 септември 1979 година и вчера наполни 41 година.

Се прослави како бунтовна тинејџерка со розева коса, а и ден денес важи за една од најдобрите пејачки во светот. Родена е во Пенсилванија и имала тешко детство, бидејќи како дете заболела од астма, а родителите и се развеле пред 10-от роденден.

Фото: Профимедиа

На 14 години започнала да настапува со еден бенд во локалните клубови, се додека една дискографска куќа не ја забележала и и понудила договор.

Првиот музички албум „Can’t Take Me Home” го објави во 2000 година, а со албумот „Misundaztood” ги покори светските музички топ-листи.

Фото: Инстаграм

На врвот од својата кариера јавно ги критикуваше своите колешки Џесика Симпсон, Бритни Спирс и Кристина Агилера во текстовите од своите песни, а тоа наиде на огромна поддршка од публиката.
Ја критикуваше и американската власт, шовинизмот и сексизмот, како и културата која жените ги смета само како сексуални објекти.

Фото: Профимедиа

За време на кариерата насловните страници од магазините ги полнеше и со приватниот живот уште откако го запозна својот сегашен сопруг Кери Харт (45).

Фото: Инстаграм

Парот се запозна во 2001 година на мото-трка на која Кери возеше. Оттогаш се заедно, а во 2003 година на кратко раскинаа.

Фото: Инстаграм

Во 2005 година Пинк му помагаше на своето момче во една трка, а потоа во еден момент подигна табла со натпис „Дали сакаш да се ожениш за мене? Сериозна сум!“. На тој начин пејачката всушност го запроси својот сегашен сопруг.

Фото: Инстаграм

Кери на почетокот не го забележа натписот, па продолжи да вози, но кога сфати што се случува, ја прекина трката со цел да и одговори дека сака да се ожени со неа. Тие се венчаа на почетокот на следната година во Костарика и нивниот брак трае и денес, а заедно добија и две деца.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот