Пилешко „помодоро“ со вотка сос

СОСТОЈКИ:

– 4 парчиња пилешки стек
– 2 лажици масло
– 50 мл вотка
– 120 мл пилешка супа
– 2 лажици свеж сок од лимон
– 2 – 3 домати (или 1- 2 раце цели шери домати)
– 2 лажици павлака за готвење
– малку брашно (по желба)
– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:

Зачинете ги пилешките котлети со сол и црн пипер, потоа посипете ги со малку брашно (ако
користите), па ставете ги да се пржат на масло. Префрлете ги готовите парчиња месо во сад,
истурете ја маснотијата од тавата. Тргнете ја тавата настрана од шпоретот, внимателно додајте
ја вотката, вратете го садот на шпорет и ставете да се вари додека испари течноста речиси
целосно. Додајте ги супата и сокот од лимон. Вратете ги котлетите во тавата и оставете да се
готват по една минута од секоја страна. Префрлете ги на чинија. Во сосот додајте ги павлаката и
сечканите домати (или целите шери домати). Загрејте и промешајте, па истурете го над месото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот