Пике и Видал можат да се откажат од фудбалот, ќарија половина милион евра на покер

Двоецот на Барселона, Жерар Пике и Артуро Видал учествуваа на турнирот од Европската покер серија и уште на стартот од турнирот беа главна атракција. Влезот на турнирот беше 25.000 евра, но и Пике и Видал заработија многу повеќе.

Пике кој за време на паузите е редовен учесник на покер турнирите, на крајот заврши како втор, веднаш зад професионалниот покер играч Хуан Пардо и заработи 350.000 евра.

Видал обезбеди пласман на финалната маса и на крајот заврши како петти за што си заработи 150.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот