Пике: Лео, издржи уште една година, ќе дојдат нови луѓе во Барса!

Фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Жерар Пике во четвртокот потпиша нов договор со Барселона до 2024 година и најверојатно ќе ја заврши кариерата во тој клуб.

Пике се согласи на 50 проценти помал договор за да му помогне на клубот во финансиската криза, но тоа не го спречи отворено да ги критикува претседателот и клупската управа.

– Не можам да верувам дека мојот клуб му платил на некого да нè критикува нас играчите. Тука мислам на оние коментари на социјалните мрежи. Тие побараа од нас да ги намалиме платите, а потоа ги потрошија тие пари против нас. Тоа е скандалозно. Го прашав претседателот како може тоа да се случи, а тој ми рече дека немаше поим за тоа. И јас му верував. Но, гледам дека личноста што ја направи таа валкана работа е сè уште меѓу водечките луѓе во клубот. Тоа не можам да го сфатам – рече Пике.

Четворица фудбалери на Барселона добија нови договори, Пике му го сврте грбот на Меси

Одбранбениот играч на Барса зборуваше и за односот на клубот со Меси, кој беше на чекор од напуштање на екипата ова лето.

Да бев претседател, сè ќе беше поинаку. Јас би сторил сè за да го задржам Лео и не би дозволил да се случи таков раскол. „Камп Ноу“ мора да го носи името по него и ние мора да го чуваме. Јас не разговарав премногу со Меси во тоа време, бидејќи мислев дека тоа е лична одлука. Но, го контактирав и му реков: „Лео, издржи уште една година. Ќе дојдат нови луѓе“ – додаде Пике.

Медиумите го прашаа искусниот дефанзивец како го коментира потегот на Меси писмено да го извести клубот дека сака да си замине.

– Сè е шокантно во таа приказна. Не ми е јасно како клубот влезе во ситуација најдобриот играч во историјата да му испрати порака дека сака да си замине затоа што никој во клубот не го слуша. Што се случува во таа управа? Меси заслужува сè, а не така се однесуваат кон него. Не мислам дека играчите мора да го водат главниот збор во клубот, но тоа е знак дека клубот не функционира добро. Кога сè е средено, тогаш претседателот е на чело, под него е тренерот, а потоа и играчите. Но, хиерархијата во овој клуб е нарушена и не е познато кој е надлежен – се зборовите на Пике.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот