Четворица фудбалери на Барселона добија нови договори, Пике му го сврте грбот на Меси

epa06214494 FC Barcelona's Argentinian striker Lionel Messi (R) celebrates with his teammate Gerard Pique (L) after scoring the 1-0 lead from the penalty spot during the Spanish Primera Division soccer match between FC Barcelona and SD Eibar at the Camp Nou in Barcelona, Spain, 19 September 2017. EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Во соблекувалната на Барселона нема мир и се чини дека е отворен нов фронт. Жерар Пике и го сврте грбот на првата ѕвезда Лионел Меси.

Лионел Меси и Жерар Пике беа предводници на бунтот против управата на клубот која поради пандемијата на коронавирусот сака играчите со новите договори да имаат помали плати.

ВИДЕО: Барса пукна „петарда“, Рашфорд им пресуди на париските „светци“!

Но, вчера се случи нешто неочекувано, набрзо по убедливиот старт во Лигата на шампионите и сигурната победа од 5:1 над Ференцварош, клубот објави дека четворица фудбалери потпишале нови договори.

Односно, фудбалерите се согласиле да им се намалат платите, а тоа се Марк Андре тер Штеген, Клемен Ленгле, Френки де Јонг и Жерар Пике.
„Договорот со овие играчи е постигнат по неколкучасовни преговори и вклучува привремено прилагодување на актуелните состојби кои ги донесе кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот“, објави Барселона.

Оваа вест не би била чудна доколку пред само два дена играчите не и испратија писмо на управаТа во која ја известуваат дка не се согласуваат со предлогот за привремено намалување на плаите.

Како причина за намалување на платите, управата тврди дека така би се спасиле работните места на останатите вработени. Потписници на писмото се „сенаторите“ на Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс, Серхио Роберто и Жерар Пике. Но, од друга страна пет фудбалери не го потпишаа писмото и тоа Тер Штеген, Ленгле, Де Јонг, Пјаниќ и најновото засилување Держињо Дест.

Шпанските медиуми овој потег на Пике го окарактеризираа како забивање нож во грбот на Меси и најавуваат нова „тивка војна“ во соблекувалната на каталонскиот тим.

Медиумите шпекулираат дека овој потег на Пике може да го натера Меси и дефинитивно по завршување на сезоната кога ќе стане слободен играч да си замине од Барселона откако тоа не му успеа изминатото лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот