ВИДЕО: Барса пукна „петарда“, Рашфорд им пресуди на париските „светци“!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Барселона ја оправда фаворитската улога на стартот од сезоната во Лигата на шампионите, на својот „Камп Ноу“ убедливо со 5:1 триумфираше над Ференцварош.

Во првото полувреме Каталонците поведоа со голот на Меси од пенал во 27 минута, а пред паузата зголеми Фати после асистенцијата на де Јонг.

На стартот од вториот дел и трет погодок за тимот на Куман, една убава акција започната од Меси, топката дојде до Фати, а овој го пронајде Кутињо кој ја затресе унгарската мрежа.

Пике во 68 минута доби црвен картон, тоа го искористи противникот за намалување преку Харатин од пенал. Но, и со играч помалку Барса дојде до уште два гола, најпрвин во 82 минута Педри се погрижи за 4:1, а конечниот епилог го постави Дембеле седум минути подоцна.

Во дербито на првото коло од ЛШ во Париз, Манчестер јунајтед славеше со 1:2 против ПСЖ. „Црвените ѓаволи“ беа во предност од 23 минута со погодокот на Фернандеш кој беше прецизен од белата точка, а Марсијал во 55 минута беше трагичар и си постигна автогол откако после еден изведен корнер на Французите, највисоко скокна и со глава ја испрати топката во мрежата на Де Геа.

Клучниот момент се случи во 87 минута кога Рашфорд со еден прекрасен гол им донесе радост на „црвените ѓаволи“ за важни три бода на стартот од најквалитетното европско клупско натпреварување.

ВИДЕО: Го нема Роналдо, тука е Мората – големо изненадување во Русија!

Лига на шампиони (сезона 2020/21)

1. коло, резултати –

Група „Е“

Челси-Севиља 0:0
Рен-Краснодар 1:1

Група „Ф“

Зенит-Клуб Бриж 1:2
Лацио-Борусија Дортмунд 3:1

Група „Г“

Динамо Киев-Јувентус 0:2
Барселона-Ференцварош 5:1

Група „Х“

ПСЖ-Манчестер јунајтед 1:2
Лајпциг-Башакшехир 2:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот