ВИДЕО: Го нема Роналдо, тука е Мората – големо изненадување во Русија!

Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Официјално започна новата сезона (2020/21) во Лигата на шампионите, со една рутинска победа на „Старата дама“ и со изненадувачки резултат на „Газпром“ Арената во Ст. Петерсбург.

Екипата на Јувентус во групата „Г“ благодарение на головите на Алваро Мората триумфираше на „Олимпискиот“ стадион во Киев против Динамо со резултат 0:2. За „Старата дама“ не настапи првата ѕвезда Кристијано Роналдо кој се опоравува од коронавирусот.

Првиот гол се случи на стартот од второто полувреме (46`), најпрво шутираше Швеѓанецот со македонско потекло Кулушевски, неговиот удар го одбрани Бушчан, но за кратко бидејќи топката се одби до Мората кој стрелаше од непосредна близина за водство на италијанскиот шампион.

Сите дилеми околу победникот во Украина беа решени во 84 минута од средбата, Квадрадо прекрасно го пронајде Мората кој со глава ја затресе мрежата за поставување на конечниот епилог.

Во групата „Ф“ првото големо изненадување го направи Клуб Бриж кој славеше со 1:2 против Зенит.

На „Газпром“ Арената во Ст. Петерсбург Белгијците беа први во предност после една мешаница во казнетиот простор на домаќините, а најдобро се снајде Денис во 63 минута од мечот.

Израмнувањето се случи во 74 минута, шутираше хрватскиот интернационалец Ловрен, ја погоди стативата, а топката од голманот Хорват заврши во мрежата.

Клучниот момент се случи во самиот финиш од натпреварот (90+3`), Вормер асистираше во прав момент до де Кетелаер кој донесе големи три бода за Клуб Бриж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот