Пике и Клара ќе може да здивнат: Шакира се сели во Мајами

Фото: Инстаграм/Шакира/Жерар Пике

Странските медиуми пренесуваат дека Шакира (46) е подготвена да се пресели во Мајами со синовите Милан (10) и Саша (8). Преселбата наводно ќе се случи за три недели, а претходно беше откриено дека пејачката сака да се пресели од Барселона, каде што живееше со нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике (36).

Фото: Инстаграм/Шакира

„Она што ни беше кажано денес е дека таа има одреден датум да се пресели таму. Ќе биде 1 април ако се биде според планот. Шакира сака да го искористи пролетниот распуст во САД за да отпатува во Мајами со своите синови за да можат да започнат со часови кога американските студенти се враќаат на часови“, изјави Лаура Фа, една од новинарките која редовно известува за колумбиската пејачка.

Шакира и Жерар Пике
Шакира и Жерар Пике во 2015 година / Фото EPA/Andreu Dalmau

Новинарката истакна дека информацијата е дефинитивна и проверена, но дека постои една потенцијална пречка.

Шакира Керол Џи
Шакира и Карол Џи / Фото: Инстаграм/Шакира

„Оваа информација ја добиваме од најтесниот круг на поранешната двојка. Единствена пречка би било здравјето на таткото на Шакира, а добро е познато дека неговата состојба моментално е комплицирана“, додала нејзината колешка Лорена Васкез.

ВИДЕО | Чао Пике: Шакира постави „вештерка“ на балконот кој гледа кон куќата на поранешната свекрва

ВИДЕО | „Може да го убијам бившиот“: Шакира го чистеше подот со џогер на Денот на вљубените

ФОТО+ВИДЕО | Никогаш позгодни: Шакира и Карол Џи со нова песна против неверните партнери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот