ВИДЕО | „Може да го убијам бившиот“: Шакира го чистеше подот со џогер на Денот на вљубените

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике минатата година ставија крај на долгогодишната врска, а раскинувањето беше болно за пејачката. Тие беа заедно 12 години и имаат два сина Милан и Саша.

Фото: Инстаграм/Шакира/Скриншот/Јутјуб

Врската пропадна кога пејачката дозна дека нејзиниот партнер, поранешен играч на Барселона, ја изневерувал со студентката Клара Чиа Марта (23), која во тоа време работела во неговата компанија „Космос“.

Фото: Инстаграм/Шакира/Жерар Пике

Очигледно парот нема намера за запре со јавните препирки. На Денот на вљубените, колумбиската пејачка објави видео на кое го брише подот во својот дом со џогер додека си потпевнува песна со следните стихови: „Може да го убијам бившиот, не е најдобра идеја. Неговата девојка е следна, како дојдов до тука? Може да го убијам бившиот, уште го сакам. Подобро да сум во затвор, отколку сама“ .

@shakira♬ Kill Bill – SZA

Ова е само уште една провокација од Шакира која тешко го доживеала сознанието дека Пике ја изневерувал со Марти уште во 2021 година, во период кога пејачката и шпанскиот фудбалер сѐ уште биле „среќни заедно“.

Фото: Инстаграм/Шакира

По раскинувањето, Шакира и Пике имаа различни испади еден кон друг. Шакира се заканувала дека ќе ги земе децата со себе во Мајами, а во нејзините песни ги прозва и испрати навредливи пораки за Пике и неговата нова девојка.

ВИДЕО | Фановите се ужаснати: Се појави снимка на која свекрвата на Шакира ја фаќа за устата и ѝ вели да замолчи

ФОТО+ВИДЕО | Обожавателите на Шакира ѝ испратија роденденска торта со ликот на Пике

ВИДЕО | Роденденско изненадување: Фановите на Шакира се собраа пред нејзиниот дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот